ОХРИД, БЕЗГЛАСНИОТ ОЧУВ, ШЕРИФОТ И ПРЕМИЕРОТ

Целата приказна почнува некаде март месец, каде што и се најавува првото предупредување и првото оградување од оваа нелегална градба на „шерифот“, но за нештата да станат појасни изминува четвртиот месец од тоа најавување. Што е уште поинтересно премиерот дециден дека ќе се руши и нема да дозволи градба на тоа место, а пак градоначалникот од куќа на куќа најавува дека нема да дозволи такво нешто. Четири месеци подоцна гледаме што се случи и кој што дозволи, а за нештата да бидат поинтересни лентата ја пресече „новото ауди“(Рамис Мерко) кој воедно е и градоначалник на Струга со поддршка од СДСМ и ДУИ. Накратко легитимитет добиен од СДСМ. Нека е честито! И едно сум сигурен дека денес повторно Зоран Заев и Градоначалникот ќе повторат дека ќе ја рушат дивоградбата. Ах бре шегобијци ви помина магарето на мостот, но на следниов ќе се сопне, барем така ми наликува работава.

Безгласниов очув се врати радосен од Баку, но никако да разбере дека е градоначалник и дека од него се бара да ги реши проблемите на Охрид. Човекот е во некоја заблуда како да е некој дипломат и дека неговата задача е да учествува на коктели, конгреси и да наздравува, чинам и не е свесен што се бара од него и зашто е градоначалник. Накратко пред нецели 4 месеци истата дивоградба која беше опкружена со жолта трака (која беше тргната ден после изборите и се продолжи со доизградба на истата) имаше само две столпчиња и нормално ако сакал некој да ја одстрани легално не би му требале ниту 20 илјади евра ниту тендери специјални, но реалноста е дека мора да се испорача и исходот е потврда за испорачувањето, а се друго е фарса за глас повеќе.

Тука ќе се навратам на компромисот и на правдољубецот кој во неколку наврати најави рушење и влегување во акција, но ете после 4 месеци ја гледаме само реакцијата, а пак акцијата отиде да се прошета. Ова ли е Европа? Ова ли се вашите Европски вредности ? Ова ли е правна држава? И ова ли е „живот за сите“? Грујо барем беше умешен во лага, а пак кај овие брзо боде шилото и излегува на површина.

И за крај вие во оваа наша напатена држава само го легализиравте недозволеното, го одобривте беззаконието и безредието, а градот Охрид е прав пример за тоа и целосна потврда. Народот се потпалуваше со минарето, но ја занемари модерната пицерија. СДСМ уште еднаш докажа само дека е слуга на ДУИ, а дали ќе продолжи овој напатен народ да ви верува нека одлучи сам.
Да не испадне дека не сум го спомнал „шерифот“, па искрено самиот назив кажува многу и нема потреба од дополнителни објаснувања едноставно „шериф“.

П.С. Овој пазар го напоменав уште пред изборите и излезе на површина. Овој пазар е доказ за дволичноста на премиерот и за неговиот договор на кафе муабетот. Овој пазар е доказ за неспособноста на очувот и неговата партија. И овој пазар е доказ за реализацијата и успесите на СДСМ. Единствената цел беше Грујо да го „паднат“ и пуштат на слобода, а за возврат да седнат на дебелите фотелји.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ- Охрид