Османи: Немаме охрабрувачки вести од Бугарија
„Немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме на ЕУ. За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија. Тоа се покажа како важен фактор за наоѓање на решение за блокадата на европската перспектива“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција во МНР.
Османи е дециден дека и покрај случувањата на политичката сцена во Бугарија, комуникацијата мора да се одржи на ниво.
„Комуникацијата помеѓу двете министерства продолжи, тие разговараа, но тоа е колку да се одржи комуникацијата на ниво. Очигледно е дека потребно е формирање на влада во Бугарија. Ние продолжуваме со реформите и сме во очекување да се реши состојбата во Бугарија“, истакна Османи.