ЗАХАРИЕВА: ВО ОВАА ФАЗА НЕ МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ „ДА“ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ НА РСМ СО ЕУ
Бугарската министерка за надворешни смета дека целокупната државна политика во земјава продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, односно Бугарија.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска изјави дека во оваа фаза Република Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори на земјава со ЕУ.
– Бугарија не вели „не“ за членството на Република Северна Македонија. Бугарската надворешна политика отсекогаш била ориентирана кон поддршка на земјите од Западен Балкан за идно членство во Европската унија, но не веруваме дека моментално тие се подготвени и ги исполнуваат условите за почеток на преговорите. Тие го исполнуваат договорот со Бугарија од 2017 година или барем не го исполнуваат во целост – изјави Захариева во програмата „Оваа сабота и недела“ на бугарската БТВ.
Захариева додава дека земјава сѐ уште не се ослободила од омразата кон Бугарија.
– Целокупната нивна државна политика продолжува да се заснова на омраза кон соседна земја и нејзиниот народ, односно Бугарија. Во оваа фаза, не можеме да кажеме „да“- рече Екатерина Захариева.