А1 МАКЕДОНИЈА: ИМА ПРОБЛЕМ СО СЕРВИСИТЕ НА GOOGLE, ЗА ДЕЛ ОД УСЛУГИТЕ НЕМА ПРИСТАП
А1 Македонија соопшти дека поради проблем со сервисите на Google корисниците од Европските земји не можеа да пристапат на дел од услугите од оваа платформа.
Достапноста и до други сајтови кои користат Google сервиси за рекламирање исто така се отвораат со намалена брзина.
За А1 корисниците, во моментов е заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа кои во моментов не се афектирани од генералниот проблемот.
А1 Македонија го следи развојот на ново настанатата состојба и ги презема сите потребни активности со цел на своите корисници да им понуди квалитетен сервис.

