Која жена сака да проба вкусна лутеница и да најде убав маж да ги побара во селото Логодаж

//

Секоја жена што сака да проба вкусна лутеница и да најде убав маж нека ги побара во селото Логодаж, тоа стана јасно денеска во благоевградското село на границата со РС Македонија, јавува БГНЕС.

Во Логодаж се одржа првиот фестивал на Логодажската лутеница.

А мирисот на печените пиперки се чувствува и од другата страна на границата – во селото Ѕвегор. Со пиперки за фестивалот помогнале, токму соседите од селото, бидејќи годинава реколтата во селото Логодаж не била најдобра.

„Слатката лутеница се прави од печени пиперки, домати, кромид и моркови“, вели Дафина Бојчева, иницијатор на фестивалот. Таа е категорична дека не се потребни други зачини освен шеќер, сол и масло.

„Направивме две дози лутеница, една по класичен рецепт и една доза од т.нар. „брза лутеница“, се е направено со природни селски производи“, се пофали Бојчева.

Локалните баби велат дека уникатниот вкус на лутеницата од Логодаж се должи на неколкукратното поминување низ истата со вжештена маша.

Селото пред граничниот премин „Св. „Лисичково“ е познато и по своите уникатни рецепти за прженица, зелник, свинско со кисела зелка и десерт од тиква.



Од химната на селото што ја пеат жените од селото станува јасно дека, секоја жена што сака да најде убав маж, треба да го бара во Логодаж. Десетици луѓе пробаа од лутеницата намачкана на парчиња леб. Прославата продолжила со музика, песни и избор на најдобра домашна лутеница.

Гостите на фестивалот што сакаa да бидат прикажани на ТВ како јадат лутеница застануваa зад кадарот на стар бугарски телевизор „Електрон“.



Претходна статија

ЕСМ продава ноќни вишоци на аукција, цените ги формира побарувачката во конкретниот период

Следна статија

Илиев: Последните зборови на водачот на „Охрана“ Андон Калчев биле „Ура, Македонија“- така гинеле храбрите Бугари

Најново од Вести