| |

Светлините и темнините на нашите Илиндени

Пишува: Владимир Перев


Поминаа 118 години од оној Илинден 1903 година кога македонскиот народ востана за да се ослободи од петвековниот азијатски и сатрапски режим, наметнат од една империја на залезот на својата сила. Слободата на соседните народи, а пред сѐ слободното Књажество Бугарија беа симболот и патеводителот кон визијата за слобода, правда и еднаквост. Организаторот на Востанието беше најсилната организација на македонските бугари, ВМОРО, а основните двигатели беа членовите на Главниот штаб, Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев, подкрепени од речи си целиот Централен комитет на Организацијата. Ние секогаш и со пиетет се сеќаваме на имињата на војводите од Македонија, учесници во востанието но и на оние доброволци, војводи и офицери дојдени од слободна Бугарија, да го дадат својот придонес кон слободата на својот народ во Македонија. Многумина од нив, тука ги оставија своите животи, најскапоценото нешто што можеше да биде дадено во борбата за слобода на својот, единствениот бугарски народ. 

Илинден 1903 е Светлината на визијата за слободата на македонските бугари, како и сите други поробени народи во тогавашната Османска империја. Тоа е искрата во пепелиштата на спалената Слобода која никогаш, ниту до денешни дни нема да згасне, опстојувајќи низ времето и на идејните, идеолошките, но пред се на националните извитоперувања за нејзината суштина и за крајната цел на таа борба. 

Неуспехот на востанието досега е многукратно објаснуван со сите можни научни и “научни“ објаснувања, секогаш обградени од методите и политиката на времето кога се работени, а “нашите“ времиња, како што добро знаеме, речи си секогаш биле недемократски. Пред се, тука главниот фактор е неприемливоста на царска (па и советска и путиновска) Русија кон слободата на Бугарија и нејзината независност, за потоа сето да мине кон презир, па дури и омраза насочена кон бугарскиот народ, па следствено на тоа и кон македонските бугари, носителите на Епопејата Илинден 1903. 

Фердинад Први ја знаел таа работа, се сообразувал со неа, но неговите безумни амбиции насочени кон Константинопол, дополнително ја отежнуваат ситуација на востанатот македонски народ, водејќи го кон наредната национална катастрофа.  

Бројките на убиените, обездомените и обесчестените по трагичната разврска на Востанието, се одамна познати. Многумина од нас се сеќават и си ги знаат своите претци, вградени со борбата и смртта во идеите на Востанието и ние секогаш со почит се сеќаваме на нив. Свеќите запалени на спомениците на Илинден 1903, се свеќи запалени и на безимените и напуштени гробови на сите наши блиски, кои паднале како херои и жртви, спротиставени на едно азијатско, нечовечко владение.  

Да не се заборави, околу 30 илјади македонци ја напуштаат родната земја и заминуваат во слободна Бугарија, нивната единствена татковина, таму каде ќе бидат “свои меѓу своите“. Тоа е првата голема преселба на македонците во слободна Бугарија, за да по националните катастрофи во 1913 и 1918 година достигне бројка на фантастични 300 илјади луѓе, емигранти во сопствената татковина. Денес во Бугарија тие се околу 2 милиони и никогаш, никогаш не треба да ја заборават татковината од која дојдоа нивните претци и секогаш, секогаш да ја почитуваат и и служат на  татковината која ги прифати како “свои и еднакви на себе!“ 

Разгромот на Востанието, недоразбирањата во Организацијата  омаломоштена од загубите на своите ресурси, овозможи навлегување на српската вооружена пропаганда во Македонија, а неможноста да се интервенира од бугарска страна, како и незаинтересираноста на Дворецот, обземен со други “повисоки идеали“, за судбината на својот народ во Македонија, дадоа импулс на новите трагични собитија. 

Наспроти сите поделби ВМОРО опстана и се воздигна, а лидерот Тодор Александров го воздигна ВМРО од организација, во Институција која ги дирижираше состојбите во Бугарија, но и на Балканот. 

По трагедијата со Тодор Александров, Организацијата ја презема Иван Михајлов и со неа раководи до превратот во мај 1934 година. Михајлов беше последниот вистински и бескомпромисен бранител на македонските бугари од српските насилија, тој беше духот-одмаздник, а за србската номенклатура во Македонија беше нивниот немирен сон, нивната нечиста совест, нивниот предмет на безумна омраза. Неговото име за нас, македонските бугари беше симболот на одмаздата и слободата, но пред сѐ симболот на единството на еден народ. Реваншизмот на победителите од Првата голема војна, доведе до промени на политичката карта на Бугарија. 19-Мајскиот преврат 1934 година во Бугарија, на власт доведе политичарите од типот на Кимон Георгиев, Дамјан Велчев, Коста Тодоров, Димо Казасов и ред други персони, купени со крвавите српски пари и приопштени кон лажливата коминтерновска идеологија. 

Не е на одмет да се каже дека, денес, тие се сеуште меѓу нас, а нивниот дух и нивната лажлива демократичност, сеуште витаеат низ пространствата на бугарските институции! 

Ако Илинден 1903 беше вистинскиот, бугарскиот, македонскиот и  слободарскиот, ако беше надежта за Светлина, тогаш Илинден 1944 година беше лажливиот, беше србоманско-југословенскиот и македонистичен, беше конечниот превез на Темнината над бугарското племе во Македонија. Првиот Илинден беше вистински, како трагедијата на опжареното и ограбено Крушево, а Вториот беше лажлив, како гротеската на сегашното Пелинце. Ако во 1903 година турските аскери и башибозуците извршија невидени насилија врз народот и имотите, тогаш по Илинден 1944 година, српската солдатеска и србоманската полицијата, со учеството на немал број одродени македонци извршија погром врз бугарско-македонската интелигенција и физички ги ликвидираа без суд и пресуда, сите оние кои мислеа поразлично од нивната југословенско-комунистичка идеологија.  Во сенката на тој срамен чин, одново стоеше како инспиратор една азијатска сатрапска држава, Сталиновиот СССР/Русија, директниот инспиратор и организатор на овие нови злосторства и безумија. Речи си истовремно со македонските бугари, беа ликвидирани и немал број албански интелектуалци и патриоти, образувани низ европските институции во периодот меѓу двете светски војни. Подоцна дојдоа инсценираните судски процеси, за сето тоа да се примири некаде кон крајот на 1948 година, како резултат на разривот во односите со Коминтерната и несогласувањата на релацијата меѓу двајцата диктатори, Тито и Сталин. Македонските бугари тогаш разбраа дека вистинските комунисти се најголемите националисти, ама само ако ѝ служат на друга, туѓа нација. 

Последиците од “етноцидот“ врз македонските бугари се чувствува до денешен ден, а “психоцидот“ како метода на промивање на мозоците на цели генерации луѓе, ги дава своите трагични резултати. И 118 години по Илинден, македонските бугари немаат свое место, нито во законодавството, нито во уставот на Македонија. Комунизираната и сеуште советизирана македонска врхушке, безсрамно ги обвинува нивните предци за некаков “фашизам“, минимизирајки ги на тој начин нивните заслуги, вградени во темелите на денешната држава. Истовремено, тоа е најуспешната метода за прекривање со прашината на заборавеноста над злосторствата извршени над нив, ослободувајки се од сопствената вина за трагичната судбина на жртвите. 

Уставот на секоја држава, па и на Македонија, не е само обичен лист хартија, туку и гаранција, пред пошироката општественост во Европа и светот, дека правата дадени со Уставот и законите, ќе бидат почитувани. Местото на македонските бугари е во Уставот, а нивните права ќе бидат бранети и заштитувани од меѓународната заедница. Српската окупација го избриша, го затри турскиот термин булгар-милет, но новата, демократска Македонија, ќе треба да се врати на корените на опстојувањето на “милетите“ во сопствената држава…досега, тоа е направено за речи си сите, освен за бугарите, еден од неколкуте  вистински конститутивни елементи на оваа држава. 

Нови предизвици ја чекаат македонската држава на нејзиниот пат кон Европа. Таа држава е должна да ги почитува правата на македонските бугари, даже и повеќе од тоа, да одаде признание на нивната борба и дадените жртви за достигнувањата до посакуваната Слобода! 

Слични Објави