ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ ПОМОГНЕ ТРГОВЦИТЕ, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ЗАНАЕТЧИИТЕ

//

Самостојните трговци, земјоделци и занаетчии, добија надеж дека ќе дојдат до финансиската поддршка од државата за последните три месеци од годинава, односно октомври, ноември и декември, но и таа ќе го чека носењето на законското решение за исплата на овие средства, кое е во собраноска процедура, ќе се носи по скратена постапка.

Во Собрание стигна Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

А како што е познато, под физичко лице кое врши самостојна дејност се подразбира трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар.

За овој закон е наведено дека ќе се носи по скратена постпка.

Сепак, она што е прлоблем, исто како и за Законот за финансиска поддршка на работодавачите со цел да можат да исплатат плати, е што октомври, месец за кој веќе се однесува поддршката, помина, но законот уште не е изгласан од Собранието, бидејќи уште не е донесен Ребалансот на буџетот.

Токму поради ова доцнење на законот за плати, голем дел од работниците стравуваат дека ќе останат без плати. Сепак, од УЈП изјавле дека ќе се пролонигра рокот за поднесување на барањето за субвенција, со апел да се исплатуваат платите, а државата ќе ги исплати субвенциите

Владата, сите овие законски измени, и за поддршка за работодавачите за платите, и за поддршка за самостојните вршители на дејност, ги усвои на 22 октомври и и ги испрати во законодавниот дом. Но, во Собранието се уште не е поминат ниту Ребалансот на буџетот, со кој треба да се обезбедат парите за субвенции, а не се поминати ни законските измени.

Инаку, со предложениот закон за поддршка на самостојните вршители на дејност се определува дека тие ќе добијат субвенции од државата во износ од 17.410 денари, за октомври, ноември и декември, аткако за април, мај и јуни зедоа по 14.500 денари.

„Со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност, Владата обезбеди финансиска поддршка за нив за месеците април, мај и јуни 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно. Со цел да им се овозможи понатамошна финансиска поддршка за полесно справување со кризата, се предлага мерката за финансиска поддршка, односно исплата на финансиски средства на оваа категорија на лица да продолжи и за месеците октомври, ноември и декември 2020 година“, се вели во владиното образложение за носење на законот.

За поддршка на овие самостојни вршители на дејност, од државната каса за земјава, за трите месеци ќе бидат потрошени близу шест милиони евра, навеле од Владата.

Финансиската поддршка за овие физички лица ќе се спроведува преку Владина Програма за финансиска поддршка, а парите ќе легнуваат на трансакциските сметки на самостојните вршители на дејност

„Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, во износ од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка“, се вели во предложениот закон.



Законот предвидува дека лицето кое бара поддршка треба да поднесе барање, со Изјава за исполнетост на условите до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето ги пропишува министерот за финансии. Барањето го поднесува преку системот е-персонален данок на УЈП до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува УЈП во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

Пропишани се и условите кои физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, а се оданочува според вистински доход, треба да ги исполни за добивање на предметната поддршка.

Финансиска поддршка не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност кое се оданочува по вистински доход и кое во 2019 година на годишно ниво остварило нето доход пред оданочување во износ поголем од 478.800 денари, односно физичко лицe кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2019 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

„За времетраење на финансиската поддршка согласно овој закон и четири месеци по месецот за кој се користи финансиската помош, физичкото лице кое врши самостојна дејност не може да престане со вршење на дејноста, освен во случај на пензионирање и смрт на физичкото лице“, се вели во законот.

Физичките лица кои користеле финансиска поддршка ќе имаат обврска да ги вратат добиените финансиски средства во целост, заедно со камата утврдена со Законот за даночна постапка, доколку по извршената контрола од страна на УЈП или Државниот инспекторат за труд се утврди дека не ги исполниле условите пропишани во овој закон.

Физичкото лице кое го искористило правото на финансиска поддршка согласно овој закон, примените финансиски средства ќе треба да ги врати во Буџетот, но најмногу до 50 отсто од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година пред оданочување, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели. Исто така, физичкото лице кое го искористило правото на финансиска поддршка согласно овој закон, а кое не искажало даночна основа во Годишниот Даночен биланс, ќе нема обврска примената финансиска поддршка да ја врати во Буџетот, доколку истото нема обврски по основ на неплатени даноци и придонеси.

Во законот уште е наведено и дека за физичкото лице корисник кое дало Изјава, но не ги исполнило условите, да се применуваат одредбите од Кривичниот законик.

„Физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход, а кое искористило финансиска помош согласно овој закон и согласно со Уредбата со законска сила, а кое има обврска да го врати износот на финансиската поддршка во Буџетот, тој износ кумулативно да го надмине износот од 50 отсто од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели“, се вели во предлог законот за самостојните вршители на дејност.



Претходна статија

УНИШТЕНА И РАЗГРАБЕНА КУЌАТА НА ЕСМА

Следна статија

АРСОВСКИ: БОЧВАРСКИ ТУЖИ МЕ И НА СУД КАЖИ ДАЛИ ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО ЗЕДЕ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР

Најново од Вести