|

Зеленски со Ердоган: Помошта на Турција е важна за безбедна пловидба во Црното Море

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на која првенствено изрази благодарност до Турција за сигурната поддршка на неговата земја.

„И двете наши земји, целиот регион и глобалната безбедност на храна бараат безусловна безбедност на пловидбата во Црното Море. Тоа можеме да го постигнеме со заедничка работа. Заинтересирани сме за зајакнување на билатералната соработка и со турските одбранбени компании“, рече Зеленски.

Тој, исто така, додава дека им е потребна помош од Турција за ослободување на нивните воени заробеници и сите луѓе, вклучително и кримските Татари, кои Русија ги држи во заробеништво.



Слични Објави