|

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски, како и Заев и Ковачевски е пример како во политиката се влегува како „голтар“, а се излегува милионер

Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение како реакција на прес конференцијата на Каевски.

Дарко Каевски на само 30 години, без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и 1 стан. И додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони. Принципот на Каевски е копија на неговите шефови Заев и Ковачевски. Ковачевски беше косопственик во фирми за фотоволатици, а синот на Заев сега отвори фирма за трговија со струја и на само 18 години влезе во овој милионски бизнис. Заеви се влезени во бизнисот со марихуана, тие ја злоупотребија позицијата и се стекнаа со лиценци. СДСМ е партија класичен пример како од голтари прави милионери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави