Бугарска лекарка е единствениот странец во тимот на Центарот Милези во Виена
Бугарската лекарка проф. д-р Маргарита Кутева е единствениот странец во тимот на Центарот Милези во Виена, пишува здравствената веб-страница на Бугарите во Австрија. По смртта на проф. д-р Милези, центарот што тој го создал станува дел од водечката приватна болница Винер Приватклиник.
Маргарита го запознала проф. Милези на конгрес за хирургија на рацете што се одржал во 1989 г. во Бугарија. Таа го информира дека сака да оди во Виена да студира микрохирургија на раце. Потоа следеле години на макотрпна специјализација.
Проф. д-р Маргарита Кутева специјализира на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Минхен од 1991 до 1997 година, под водство на проф. Едгар Бимер – докторот кој ја изврши првата трансплантација на рака во светот, еден од основачите на микрохирургијата и операциите на раце.
Проф. д-р Кутева од 2003 до 2013 година се обучува за специјалностите: „Хирургија на периферен нервен систем“ и „Реконструктивна хирургија на екстремитетите“ во Центарот Милези во Виена. Самиот проф. д-р Милези е познат како „татко“ на операцијата на периферните нерви.
„Бугарија практикува медицина на светско ниво, нашите лекари одат на конгреси, даваат извештаи“, нагласи проф. Катева. „Секаде патологијата е иста, трауматизмот е ист, важно е да имаш информации за тоа што се прави во светот и да можеш да ги примениш таму каде што работиш“, додава таа.
