Зеленски: Украина спремна за компромис за НАТО, во замена за прекин на огнот и повлекување на руските трупи

/

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е спремен да преговара за откажување од влегувањето на Украина во НАТО во замена за прекин на огнот, повлекување на руските трупи и гаранции за украинската безбедност. „Тоа е компромис за сите: за Западот, кој не знае што да прави со нас во врска со влегувањето во НАТО, за Украина, која бара безбедносни гаранции, и за Русија, која не сака понатамошно ширење на НАТО“, кажа Зеленски.

Повтори дека бара директен разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Ако не се сретне со Путин, кажа Зеленски, невозможно е да се сфати дали Русија воопшто сака да ја прекине војната.

Но, претходно кажа дека секоја поголема промена, која би била внесена во украинските закони, би морала да биде потврдена на референдум.



Зеленски додаде дека Киев е спремен да разговара за статусот на Крим и источниот регион Донбас, кој е под контрола на проруските бунтовници, но дури по прекинот на огнот и чекорите кои ќе водат кон пружање безбедносни гаранции на Украина.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски, како и Заев и Ковачевски е пример како во политиката се влегува како „голтар“, а се излегува милионер

Следна статија

Газда на локал во Гостивар подведувал македонски и странски државјанки на проституција

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да