|

ПРЕМИЕРОТ НА ЕРМЕНИЈА: ВО НАГОРНО КАРАБАХ НА СТРАНАТА НА АЗЕРБАЈЏАН СЕ БОРАТ ИСЛАМИСТИ ОД СИРИЈА

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан повика на спроведување на меѓународна истрага за присуството на платеници од Сирија во областа Нагорно-Карабах.

Повикот на ерменскиот премиер следува откако локалните ерменски единици за одбрана на Нагорно-Карабах соопштија дека заробиле двајца платеници од Сирија кои се бореле на страната на Азербејџан.

Ерменското министерство за надворешни работи соопшти дека во текот на викендот биле заробени двајца платеници од Сирија. Во соопштението се додава дека едниот бил од сириската провинција Идлиб, а другиот од Хама.

Азербејџан во повеќе наврати ги негираше тврдењата дека странски борци се наоѓаат во зоната на конфликтот.

Досега се појавија разни информации дека по налог на Турција, сириски платеници – радикални исламисти се испраќаат на територијата на Кавказот каде што се борат на страната на Азербејџан. За ова директно обвини и францускиот претседател Емануел Макрон.

Слични Објави