| |

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДИМИТРОВ И ОСМАНИ ДА ЈА ШАРМИРААТ ЗАХАРИЕВА ВО БЕРЛИН

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва во Берлин ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Од Владата за МИА потврдуваат дека Димитров и Османи биле поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.

Целта на разговорите е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

Слични Објави