ПРОФ. ПОПАДИЌ ОТКРИВА КОГА ЌЕ ГИ ТРГНЕМЕ МАСКИТЕ: ВАКЦИНАТА ЌЕ НЕ ШТИТИ СО ГОДИНИ, ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ПОНОРМАЛНО

Професорот д-р Душан Попадиќ од Медицинскиот факултет во Белград рече дека вакцината ќе ни помогне да се ослободиме од маските кога ќе се вакцинира доволен број луѓе, односно кога ќе има висок процент на оние кои се имуни на вирусот.

loading...

Тој зборуваше за тоа колку луѓе треба да се вакцинираат за имунизацијата да биде успешна и како ќе живееме во текот на летото и следната зима.

Професорот Попадиќ рече дека проценува со некои бројки од 60, 70 и 80 проценти кога станува збор за колективниот имунитет.

Сепак, како што рече, кога студирал епидемиологија, тогаш важело дека само со 95%  имуни може да се прогласи успешна имунизацијата.

Говорејќи за скептицизмот кон вакцините, Попадиќ рече дека не знае од каде доаѓаат и дека разни информации се шират претежно на социјалните мрежи.


loading...

Тој посочува дека се создава непотребна бучава и дека имунизацијата против ковид19 е иста како и имунизацијата против која било друга болест. Разликата е во тоа што секој треба да биде посвесен дека е уште поважно да се имунизира, бидејќи имаме епидемија.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Женски магазин