ЛИЦАТА БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ НА ТОВАР НА ФОНДОТ

//

Лицата заболени од КОВИД-19, кои се без здравствено осигурување, ќе се лекуваат на товар на Фондот за здравсто.

Оваа Уредба со законска сила за за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба беше донесена во рамки на 36-тата владина седница.

Според Уредбата, осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.



Истата Уредба се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

Претходна статија

ДАНСКА ЈА ПОЧНА ПРВАТА ФАЗА ЗА НАПУШТАЊЕ НА КАРАНТИНОТ

Следна статија

ТРЕТА ЖРТВА НА КОВИД-19 ОД СИНОЌА-ПОЧИНА 67 ГОДИШЕН МАЖ ОД КРАТОВО

Најново од Вести