| |

Ученичка од Пазарджик финалистка на престижно европско натпреварување по дебатирање

Дарина Воденичарова од Германската јазична гимназија „Бертолт Брехт“ во Пазарджик се најде меѓу финалистите на едно од најпрестижните натпреварувања по дебатирање на германски јазик во Европа, соопшти бугарската амбасада во Германија преку објава на Фејсбук, пренесува БНР.

Финалето се одржа во Европската сала на Сојузното министерство за надворешни работи во Берлин, каде што бугарската претставничка се натпреваруваше со учесници од Романија, Турција и Чешка на тема: „Дали ЕУ треба да склучи трговски договор со МЕРКОСУР?“

Дарина оставила силен впечаток кај жирито и публиката со својата аргументација, јазична култура и зрелост. Првите честитки до младата дебатерка стигнаа лично од државниот министер за европски прашања на Германија, Гунтер Крихбаум.

Меѓу присутните кои ја поддржаа Воденичарова беа првиот секретар во Амбасадата на Бугарија во Берлин, Марија Стојанова, нејзината наставничка Марија Николова, бугарската учесничка во дебатите во 2023 година Катерина Костадинова и практикантката во амбасадата Марија Георгиева.

Слични Објави