(Видео) Во Бугарија е откриена досега непозната фотографија на големиот Пејо Јаворов и неговата сопруга и муза Лора Каравелова

//

Во Бугарија е откриена досега непозната фотографија на големиот бугарски поет и македонски комита Пејо Јаворов и неговата голема љубов Лора Каравелова.

Фотографијата е откриена во книга од 60-тите години на минатиот век од Николај Падалски кој веќе 7 години е главен поттикнувач на иницијативата „Спаси книга“ во Бугарија.

Уникатната фотографија на Јаворов и Каравелова е направена неколку месеци пo нивната сватба и само 10 месеци пред трагичниот крај на нивната љубов и самоубиството на Лора. На грбот на фотографијата има ракописен текст со посвета „На нашата кума Рада Бонева- Лора и Јавор 9 јануари 1913 г. Софија.“

Пронаоѓачот на фотографијата Николај Падалски пред новинарите од бугарската телевизија BgOnAir вели дека добил многу понуди да ја продаде фотографијата за сериозни суми на пари, но нема да го направи тоа, бидејќи самото пронаоѓање на таа историска фотографија е најзначајното нешто што му се случило.

Повеќе погледнете во видеото што следи:





Претходна статија

(Фото) Двајца бугарски „окупатори“ на Македонија

Следна статија

Потрага по идентитетот

Најново од Вести