Потрага по идентитетот

//

Facebook статус на Никица Корубин

Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот на ЕУ на 2 страници, Заедничка позиција на ЕУ за првата меѓувладина конференција на 5 страници и “идентитетот ни е загрозен” се сведе на членот 12 од Договорот со Бугарија, кои самите сме го потпишале. А, да и фамозниот протокол, односно записник, кој замислете до сега е само еден (1). Пет години од потпишувањето на договорот, ние имаме само еден записник.

Поголем доказ за неспроведување на договорот нема. Ама, ние сме загрижени само кога работите се движат и спроведуваат, а не кога се закочени. Да резимираме, “идентитетските прашања”, “ќе влеземе како Бугари” и “идентитетот не го даваме, ама ЕУ ја даваме” сведен на членот 12 од Договорот што сами сме го потпишале и не сакаме да го спроведеме, и сведен на протоколот (записникот) од спроведување на истиот договор, што не сакаме да го спроведеме.

Ова е тоа “не”, ова е таа хистеризација, ова е тој “бугарски предлог”? И ова ли е тој “идентитет”?Значи, што е точно проблем со идентитетот? Со тој што се чита таму каде што го нема. Секакви манипулации видела оваа држава, ама вакво организирано изигрување и релативизирање, со итарпејовски шмек, за стратешкиот интерес на државата; вакво сеење лаги, конструкции и манипулации, се одраз не на одбрана на било што, туку на напад и директно загрозување на сегашноста и иднината на сите без исклучок. Затоа што зад сите “силни” зборови, стои нула одговорност за последиците.

Ајде да видиме и нешто друго од таа рамка, а и да слушнеме барем едно “експертско” мислење, како “регионалната соработка и добрососедските односи” кои се еден од клучните елементи на процесот на проширување ќе се исполнат без исполнување на Договорот со Бугарија?”Regional cooperation and good neighbourly relations remain essential elements of the enlargement process. North Macedonia should continue to constructively engage in inclusive regional cooperation and strengthen relations with neighbouring countries. Today, we recall the importance of achieving tangible results and implement, in good faith bilateral agreements, including the Prespa Agreement with Greece and the Treaty on Good Neighbourly Relations with Bulgaria.”



Ова ли е таа “билатерализација” ексклузивно за нас? Или ништо не е толку ексклузивно, како проблемот како лагата да се продаде како вистина, сега кога веќе и нема инструмент за глумење про-европски настроен ама со пост-југословенски (читај про-србофилски) калап. Никој тука толку силно не се грижи за македонскиот идентитет, како што се грижи за врските со “идентитетот” да не се раскинат. Оној наменскиот, кој се покажал како многу ефектен и профитабилен. За кого? Па, за привилегираните “бранители”, кои толку лесно отскокнуваат од граѓаните кои свесно и ладнокрвно ги злоупотребуваат како обичен штит.

ЕУ не’ чека, со правила и критериуми, заради нас самите. Сакаме да живееме во организирано европско општество или во заробена, партократска и клановска држава? Ако го сакате ова второто, чуму тогаш иселување во “организираните европски држави”? Затоа ако некој сака да ја брани државата, тоа ќе го направи само преку ЕУ. Да, за историјата, но, онаа која ние ќе ја пишуваме. И поголема идентитетска одредница од тоа нема.



Претходна статија

(Видео) Во Бугарија е откриена досега непозната фотографија на големиот Пејо Јаворов и неговата сопруга и муза Лора Каравелова

Следна статија

Б како Бендевска или Б како бугаризација

Најново од Ваш став

Во „име“ на народот

Facebook статус на Никица Корубин “Народот” е најприсутен во јавниот говор, деновиве. Сите се повикуваат на

Живот во мит

Fb статус на Никица Корубин Што подразбираме кога ќе кажеме Македонија и Македонски е прашањето со