| |

Бугарин од Разлог ја искачи осмата највисока планина во светот

Георги Колевичин од Разлог, Бугарија, успешно го искачи врвот Манаслу во Непал. Тој се искачи на осмата највисока планина во светот во 6 часот наутро на 25 септември, соопштија од Општина Разлог, пренесува БНР.

Минатата година Колевичин го искачи врвот Ленин во Киргистан, а оваа експедиција ја посвети на освојување на нов предизвик.

Според првичниот план, освојувањето на врвот требаше да се одржи кон крајот на месецот, но поради отворање на поволен временски прозорец, акцијата била реализирана една недела порано.

Во моментов алпинистот се наоѓа во Базниот камп, каде што ќе остане уште две до три дена за опоравување, по што ќе започне неколкудневен трекинг кон Катманду.

Пред Бугарското национално радио Колевичин изјави дека има панорамско видео од врвот Манаслу, кое ќе го објави во наредните денови.

Слични Објави