|

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме задоволни од Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска нема повеќе поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката на партијата, Марија Митева и испрати порака во која вели дека не се задоволни од резултатите на нејзината работа, иако, кога ја поддржале за време на изборите, верувале во неа.

„Како партија која го поддржа концептот За модерно Скопје и застана зад кандидатурата на Арсовска, искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од сега сработеното на градоначалничката. Сметаме дека е малку реализирано, а може и треба да се испорачаат повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани“, изјави Митева.

Сепак, додаде таа, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје во иднина ќе и ги гласаат проектите и одлуките на Арсовска.

Слични Објави