ДАНСКА ЈА ПОЧНА ПРВАТА ФАЗА ЗА НАПУШТАЊЕ НА КАРАНТИНОТ
Данска планира да олесни дел од карантинските мерки наметнати поради новиот коронавирус.
Синоќа премиерката на земјата Мете Фредериксен соопшти дека јаслите и градинките ќе продолжат со работа од 15 април, а учениците од прво до петто одделение ќе се вратат во училниците.
Фредериксен напомена дека тоа е само дел од „првата претпазлива фаза” за враќање на земјата во нормално функционирање. Таа подвлече дека Данците мора да бидат подготвени за фактот дека наметнатите ограничувања ќе останат со месеци.

