ВИДЕО: НАЈМАЛКУ ЕДЕН МИГРАНТ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО БЕГАЛСКИ КАМП ВО ГРЦИЈА

Најмалку еден мигрант го загуби животот откако вчера изби пожар во пренатрупаниот бегалски камп во Мориа на грчкиот остров Лезбосл, каде што потоа избил и бунт.

Мигрантите се побуниле порад задоцнетото доаѓање на пожарникарските екипи, открил еден Авганистанец за новинската агенција „Франс Прес“.

„Пожарот изби во кампот. Огнот зафати шест, седум контејнери (во кои се сместени мигрантите). Ги повикавме пожарникарите, но дојдоа после 20 минути. Сите се разбеснаа“, изјави 15-годишниот Федуз.

Портпаролот на Доктори без граници, како и од локалната полиција изјавија дека едно лице го загубило животот.

После пожарот избиле нереди и судири со полицијата, по што грчките полицајци морале да употребат и солзавец за да се воспостави ред во кампот. Иако огнот кој што избил вчера бил изгаснат, нередите продолжиле, а мигрантите се пресметувале со полицијата.

Извор: ТВ Стар