БОРИСОВ: АКО БУГАРИЈА НЕ ЈА ПОДДРЖИ МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ТОА ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПИШАНО ВО ИСТОРИЈАТА

„Влезот на Македонија во ЕУ е важно нешто но не може да се случи на сметка на историјата“, тоа го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата на бугарскиот државен врв посветена на Македонија. Борисов повика двете страни да прифатат дека двата народи се братски. Според него ако Бугарија ја запре Македонија кон нејзиниот пат кон ЕУ тоа ќе остане запишано во историјата. Борисов подвлече дека Бугарија помогнала за напредокот на Македонија, и сака и Албанија да оди со истата брзина по еврипскиот пат, но додаде дека никогаш Софија не изјавила безусловна поддршка за влезот на двете земји во ЕУ. Според Борисов , Скопје треба да прекине да си игра со историјата и минатото и да се концентрира врз иднината.