РАДЕВ: БУГАРИЈА ЌЕ ИСПОРАЧА ЈАСНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРЕГОВОРИТЕ

Приемот на Македонија во НАТО и ЕУ е важен чекор за стабилниот развој и напредокот на југоисточна Европа. Бугарија секогаш ја поддржувала евроатланската перспектива на Македонија. Да не забораваме дека ние први ја признавме независноста на оваа држава. По наша иницијатива беше потпипшан договорот за пријателство и добрососедство од кој што се очекуваше да ги реши проблемите во минатото во нашите односи. Недостатокот на рокови во овој договор донесе со себе запоставување на исполнување на процесот на европската интеграција на Р. Македонија. И покрај големите напори на бугарската страна, заедничката комисија за историја не постигна големи резултати. Односот на нашиот сосед кон овие прашања носи со себе недоверба. Учесниците на денешната средба донесоа принципна одлука да се изгради стратегија која ќе го штити бугарскиот национален интерес, во таа стратегија ќе има критериуми кои ќе влезат во преговорите и ќе станат задолжителен услов за прием на Македонија во ЕУ. Бугарската влада ќе формулира јасни крајни цели кои треба да бидат постигнати пред крајот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Радев подвлече дека посебно внимание треба да се обрне врз учебниците по историја и позиициите на државните медиуми во однос на македонско-бугарските односи.