| |

Д-Р НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗАРАБОТУВА И КАКО АЗИЛАНТ

Осудениот екс премиер Никола Груевски заработува и додека е во бегство. Неговата книга ,,Искуства за иднината” која беше промовирана во мај годинава, на Саемот на книгата во Скопје, само од првото издание заработи над 13.000 евра, а сега веќе во печат излезе и изданието на англиски јазик, јавува Фокус.

Според издавачката куќа ,,Ѓурѓа” за изданието на англиски јазик огромен интерес пројавиле голем број на светски библиотеки и најпознати универзитети.

По завршувањето на саемот, од издавачката куќа излегоа со листата на најпродаваните книги, а Груевски беше лидер. Зад него се најдоа Хитлер, Путин, Фројд, Вортон, Љубчо Георгиевски и други автори чии дела беа изложени на штандот. Веднаш потоа беше најавено и второ издание на книгата поради интересот на јавноста.



Слични Објави