|

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата

Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, порачуваат од опозициската партија, бидејќи, како што велат, ако за ДУИ беа вистински важни Албанците немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава.

„Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборат во јавноста за патриотизам. Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи. ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии. Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде, како што напоменуваат, од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави