ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ГЛАСА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД 2000 ЕВРА ЗА СИТЕ ДЕЦА РОДЕНИ НА БОЖИК
Во грчкиот парламент ќе се гласа дали да се дадат по 2.000 евра за секое дете родено во Грција на Божик. Предлогот ќе дојде на дневен ред кога парламентот ќе ја продолжи својата работа после празниците.
Дополнителната финансиска помош ќе се применува ретроактивно, соопштуваат грчките медиуми.
Првата половина од компензацијата од 1.000 евра ќе им биде исплатена веднаш на родителите без да бидат потребни никакви документи. Останатите 1 000 евра ќе бидат обезбедени 6 месеци по раѓањето на детето.
Децата родени во Грција од граѓани кои не се членки на ЕУ во 2020 и 2021 година, исто така, ќе добијат бенефит, под услов мајката да е легално и трајно да живее во Грција од 2012 година.

