НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ИЛИ ПРОШИРУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕЛЧЕВО-СТАНКЕ ЛИСИЧКОВО КАКО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА СО ЕВРОПСКИ ПАРИ
Изградба на нов граничен премин и стимулирање на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат Македонија и Бугарија со финансии од Европската Унија.
Тоа ќе бидат главните цели на првиот состанок на Заедничката работна група за развој на програмата за прекугранична соработка „INTERREG“ меѓу двете земји за периодот 2021 – 2027 година, што се одржа во бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи, каде претседател беше бугарската заменик министерка Деница Николова, како и Димитар Ванчов од нашето Министерство за локална самоуправа.
Финансирањето во рамки на програмата предвидува за изградба на граничен премин Клепало кај Струмјани или за продолжување на граничниот премин Логодаж меѓу Станке Лисичково и Делчево. Која мерка ќе биде поддржана ќе се знае од социоекономската анализа која е во тек, а треба да биде готова до крајот на годината, додека пак следната година финансиската рамка за проектот треба да ја изгласа Европскиот парламент.