МЕРКЕЛ – ШАНСИТЕ ЗА ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА НА САМИТОТ НЕ СЕ ДОБРИ
Германската канцеларка Ангела Меркел претпладнево зборувајќи во парламентот во Берлин го повтори ставот на нејзината земја дека ги поддржуваат европските перспективи на Северна Македонија и Албанија, јавува Слободна Европа.
„Имаше обиди да се уверат членките на ЕУ кои се уште имаат задршки за таквиот курс. Тие земји сакаат да го направат пристапниот процес потранспарентен. Како и да е, шансите за едногласна одлука на Самитот на ЕУ кој почнува во четврток попладне не се добри“, рече Меркел.
Европскиот совет денеска и утре, меѓудругото ќе расправа за проширувањето и за процесот на стабилизација и асоцијација во врска со Албанија и Северна Македонија.