| |

„Булгартрансгаз“ ќе го зголеми капацитетот за пренос на гас кон Романија и Северна Македонија

„Булгартрансгаз“ поетапно ќе го зголемува техничкиот капацитет за пренос на природен гас од Грција кон Романија и Северна Македонија преку проектите од Вертикалниот гасен коридор, јавува Economic.bg.

Капацитетот на интерконекторот Кулата/Сидирокастро ќе се зголеми од 1 октомври 2026 година, а дополнително и од 1 октомври 2027 година. На точките Негру Вода 1/Кардам и Ќустендил/Жидилово зголемувањето е предвидено од 1 октомври 2027 година.

Извршниот директор на Булгартрансгаз Владимир Малинов изјави дека со ова се создаваат услови за транспорт на дополнителни количини течен природен гас од сигурни извори, како САД, за Бугарија, регионот и Европа. Според него, мерките ќе придонесат за поголема ликвидност на пазарот, повисока сигурност на снабдувањето и поконкурентни цени.

За гасната година 2027/2028, капацитетот кон Северна Македонија преку точката Ќустендил/Жидилово ќе достигне 38.732.348 киловат-часови дневно. Годишната аукција за капацитетни производи ќе се одржи на 6 јули 2026 година, согласно календарот на ENTSOG и европските регулативи.



Слични Објави