Бугарија за првпат учествуваше на најголемиот литературен фестивал во Скандинавија
Бугарија за првпат учествуваше на Норвешкиот литературен фестивал „Литературни денови на Сигрид Ундсет“ во Лилехамер, најголемиот литературен форум во Скандинавија, јавува Радио Бугарија. Земјата ја претставуваше писателката Капка Касабова, додека најавеното учество на Георги Господинов беше откажано во последен момент поради лични причини.
Во рамките на фестивалот, Касабова учествуваше на две дискусии посветени на границите, меморијата и слободата во денешна Европа. На 4 јуни таа ја претстави и својата книга „Граници“, објавена и на норвешки јазик, а се вклучи и во разговор за животот на европската периферија заедно со норвешката писателка и документаристка Осне Сајерстад.
Бугарската амбасадорка во Норвешка, Десислава Иванова, одржа средби со организаторите на фестивалот и со Касабова, при што беа разгледани можностите за поширока промоција на современата бугарска литература во Норвешка и за развој на културна соработка меѓу двете земји.
Годинешното издание на фестивалот собра автори од 26 европски држави под темата за значењето на Европа денес во политички, културен и литературен контекст.

