ДЕН ВТОРИ- Г. СПАСОВСКИ ДО КАДЕ СТЕ СО ОСТАВКАТА?
Г. Спасовски ако си мислите дека со притворот за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски јавноста ќе прекине да се интересира како по ѓаволите ви избега уште еден човек што е под ударите на судската власт (во случајов Никола Груевски), жестоко се лажете. Кога да ја очекуваме Вашата оставка и одговор на прашањето : Дали ако некој член на нашиот скромен редакциски колегиум направи „беља“ ќе може да избега непречено од државата доколку Вие сѐ уште сте Министер за внатрешни работи во Владата на г. Зоран Заев?
