ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК ОД ИДРИЗОВО
Вчера во раните утрински часови во комплексот клиники „Мајка Тереза“, бил донесен затвореник во Идризово, кому претходно му се слошило во затворот ден претходно.
„На 14.11.2018 година во 10.56 часот во СВР Скопје, пријавено е дека околу 06.30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал В.М.(54)-затвореник во Казнено-поправната установа Идризово, на кој на 13.11.2018 година околу 16.00 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.“, се вели во извештајот на МВР.

