БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОШИРУВААТ СОРАБОТКАТА ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

Вести Истакнато Македонија

Бугарската влада ја одобри нацрт Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Бугарија и Министерството за култура на Македонија за периодот 2018-2021 година. Актуелниот проект на Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018 – 2021 година е изготвен во согласност со член 17 од меѓувладината Спогодба за соработка во областа на културата, образованието и науката. Проектот на Програма ги задоволува заедничките интереси на двете страни и ги содржи сите потребни текстови за развој на односите помеѓу Република Бугарија и Република Македонија во областа на културата. Предложениот проект на Програма ги регулира можностите за соработка во областа на театарот, литературата, преведувањето и објавувањето на дела на писатели од двете земји, ликовната уметност, организирањето на ликовни изложби и музички фестивали, филмот, музиката и танцот, аудиовизуелната дејност, соработката на ниво библиотеки и музеи и заштитата на авторските права. Со нацрт програмата се прецезираат обврските на двете страни во однос на заштитата на културното наследство и соработката за спречување на нелегалната трговија со предмети кои имаат културна вредност.