| |

Бугарска стартап компанија со награда на светско натпреварување во Копенхаген

Бугарска компанија доби награда на светски натпревар за стартапи. Бугарскиот амбасадор во Данска Светлан Стоев беше присутен на церемонијата на доделувањето на наградите (Global Startup Awards) во Копенхаген, известија од дипломатското претставништво на Бугарија во данската престолнина.

Бугарската компанија Puzl CowOrKing по трет пат ја освојува наградата во категоријата „Најдобар заеднички канцелариски простор за Централна и Источна Европа“.

На свеченоста во Копенхаген, бугарската стартап компанија ја претставуваа Надежда Недкова и Неда Чакарова, кои се сретнаа со амбасадорот Стоев и разговараа за нивната работа и идни планови, како и за предизвиците со кои се соочуваат стартап компаниите во Бугарија.

Во 2015 година, Puzl CowOrKing ги отвори своите врати на еден од катовите на поранешната фабрика “Витоша” во Софија за да одговори на растечката потреба од заеднички и функционални канцелариски простори за луѓето кои работат во ИТ индустријата. Оттогаш, заедницата Puzl порасна на над 1.000 луѓе, а просторот беше домаќин на повеќе од 650 настани. По успехот во Бугарија, младиот тим Puzl се стреми кон други европски земји, а наскоро се очекува да се појави и нивната канцеларија во Будимпешта.

„Сигурни сме дека најголемите успеси за Puzl CowOrKing допрва доаѓаат. Им посакуваме здравје и непрекинат ентузијазам“, напиша нашето дипломатско претставништво на социјалната мрежа.



Слични Објави