|

Бугарското здружение „Каритас“ претстави проект за помош на украинските бегалци

Во Бургас здружението „Каритас“ претстави проект за поддршка на украинските бегалци. Вредноста е 253.000 евра и е финансирана од Норвешкиот финансиски механизам во рамките на програмата “Внатрешни работи”. Целта на проектот е да помогне во адаптацијата и интеграцијата на украинските граѓани во Бугарија.

Проектот започна на крајот на јануари и ќе трае една година. Ова е втор проект за помош на украинските бегалци што го реализира здружението „Каритас“. Според него, на украинските граѓани им се нудат социјални услуги поврзани со изучување на бугарскиот јазик, пристап до здравствена заштита и наоѓање работа, изјави раководителот на проектот Десислава Петкова:

„Минатата година дадовме и можност за финансиска поддршка и поддршка за сместување, што беше исклучително важно за украинските бегалци. Станавме популарни, познати и барани овде во Бургас токму со овие услуги. Од почетокот на проектот допревме 250 украински бегалци кои користеле социјални услуги“.

Според неа, ќе се работи и со бегалците од Украина кои добиле привремена заштита во Бугарија, и со лицата кои се уште се во процес на добивање меѓународна заштита.

„Главната цел е да се поддржи адаптацијата на бегалците од Украина преку подобрување на пристапот до социјалните, здравствените и образовните услуги. Последно, но не и најмалку важно, нашата цел е да обезбедиме услови за реализација на украинските бегалци на пазарот на труд во Бугарија. Голем дел од бегалската заедница се родители кои патуваат сами со своите деца или со луѓе над 65 години“.

Со новиот проект ќе бидат опфатени најмалку 50 деца, кои ќе бидат вклучени во едукативни активности и обука на бугарски јазик. Досега од почетокот на јануари до сега се опфатени 250 лица. На курсевите по бугарски јазик ќе учествуваат најмалку 200 возрасни лица. Поддршка за запишување во училиште и градинка ќе добијат и 150 деца.

Украинските граѓани можат да побараат помош и поддршка во хуманитарните центри на здружението „Каритас“ во градовите Софија, Пловдив и Бургас.

Слични Објави