КАЈ МАЛОЛЕТНИК НА БИТ ПАЗАР ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

Полицијата во текот на вчерашниот ден уапсила две лица со марихуана на Бит Пазар.

Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар лишиле од слобода 17 – годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во дделен случај, вчера во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода Д.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.