| |

Здружението на потомци на бегалци и преселници од територијата на Северна Македонија со апел до неколку европски институции- бараат земјата да биде подложена на мониторинг во однос на човековите права

Ви го пренесуваме апелот што Здружението на потомци на бегалци и преселници од територијата на Северна Македонија денеска го испрати до неколку европски институции, поврзан со политичките процеси што се случуваат во земjaта и нејзината декларирана желба за европска интеграција.

„Изразуваме позиција дека се работи за систематско кршење на човековите права, што достигнува до геноцид. Инсистираме европските претставници да се запознаат со документите во случајот против Љупчо Георгиевски – претседател на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола и Северна Македонија да биде подложена на мониторинг“, стои во соопштението на таа бугарска невладина организација испратено до медиумите.

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот текст на апелот изпратен до европските институции без редакторска интервенција:

ДРУЖЕНИЕ „ПОТОМЦИ НА БЕГАЛЦИТЕ И ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПРИЈАТЕЛИ“

До:

Хена Виркунен

Извршен потпретседател на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија

[email protected]

Каja Калас

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност

[email protected]

Рафаеле Фито

Извршен потпретседател на Европската комисија за кохезија и реформи

[email protected]

Марта Кос

Комесар за проширување

[email protected]

Маjкaл Макграт

Комесар за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите

[email protected]

На 28 јануари 2025 г. во Битола, Република Северна Македонија, повторно се одржа судскиот спор против Љупчо Георгиевски – претседател на забранетиот локален бугарски културен клуб „Иван Михајлов“. Судењето беше иницирано по налог на крајно левичарската проруска и просрпска партија „Левица“. Љупчо Георгиевски е обвинет дека ги предизвикал граѓаните на Северна Македонија и тие се чувствуваат навредени од неговите идеи, кои наводно претставувале ширење на расизам и ксенофобија по електронски пат. За тоа што Љупчо Георгиевски ги цитирал размислувањата на Иван Михајлов – последниот водач на автентичната ВМРО – на обвинетиот му е наметната вина дека ја негира посебноста на македонската нација. Тој е обвинет дека овие цитати и други текстови се на литературен бугарски јазик и дека изразил сомнеж во однос на официјалните ставови во Скопје за „историскиот развој на македонскиот јазик“.

Сите овие обвинувања се целосно измислени и го демонстрираат недостатокот на слобода на мисла и говор во денешна Северна Македонија. Овие обвинувања ги прекршуваат основните објективни факти.

Последниот лидер на автентичната ВМРО, Иван Михајлов, денеска е прогласен за криминалец од властите во Скопје, а тоа се тврдења на властите во поранешна Југославија уште од крајот на 1944 година и не се променети до денес. Сакаме да нагласиме дека Иван Михајлов, иако е роден на територијата на Северна Македонија, од 1934 до 1990 година живее во егзил, поради што таму не бил физички присутен за да направи било што. Единственото „злосторство“ на Иван Михајлов, како и на неговите предци Гоце Делчев, Дамјан Груев, Тодор Александров и плејадата на другите борци е тоа што се чувствувал како Бугарин и пишувал на литературен бугарски јазик, на кој се сите публикации и целата легална и незаконска кореспонденција на автентичната ВМРО. По Втората светска војна, Иван Михајлов се населил во Рим, Италија, каде ја уживал заштитата на италијанските власти. Неговите дела се објавени во САД и демократските земји во Западна Европа, а позитивни одзиви за нив се публикувани во авторитетни изданија во Германија, Италија, Ватикан и други земји. Идеите на Иван Михајлов се засноваат на два основни принципи: борба за независност на Македонија и соработка и рамноправност на сите етнички групи кои ја населуваат, вклучително и Бугарите. (Прилог 1) Иван Михајлов е автор и на многу апели до ОН, во кои се презентирани информации за кршењето на човековите права на Бугарите во комунистичка Југославија. (Прилог 2)

Во истиот период, комунистичките власти во Белград и Скопје ја ликвидираа целата демократска опозиција на територијата на денешна Северна Македонија со обвинение дека се следбеници на Иван Михајлов, а него исто го бараа со идеја за ликвидација. За таа цел е создаден посебен оддел во безбедносните служби. Оваа политика на омраза кон сè што е бугарско продолжи и по 1990 година, кога под притисок на околностите Скопје беше принудено формално да се одвои од Белград. Ова е причината што во 2022 година беше запален бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, а сторителот на ова дело не само што не е казнет, туку денеска е сведок во случајот против Љупчо Георгиевски. Како продолжение на оваа антибугарска политика, во 2023 г. во Северна Македонија е донесен посебен закон со ретроактивна сила, според кој клубот „Иван Михајлов“ е забранет.

Доколку биде прогласен за виновен, Љупчо Георгиевски може да добие казна затвор од 1 до 5 години. Љупчо Георгиевски не сторил никакви кривични дела. Тој популаризира идеи кои слободно се шират во сите земји низ светот освен во Северна Македонија, Србија и Русија. Две години по пожарот, тој беше отпуштен од својата работа, а прогонот на други истакнати Бугари во Северна Македонија продолжува. Оваа официјална политика на Скопје предизвикува страв кај претставниците на бугарската заедница, а нејзините активисти се принудени да емигрираат од Северна Македонија. Кривичното гонење на Љупчо Георгиевски е јасен сигнал до сите Бугари дека се казнува одбраната на бугарскиот идентитет и историската вистина во Северна Македонија.

Паралелно со тоа продолжува политиката на зближување меѓу Скопје и Белград. Во јануари 2025 г. премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека оваа „соработка е пример како две соседни земји можат да соработуваат и да создадат заедничка иднина“. Ова се случува во присуство на истакнати проруски и просрпски политичари како северномакедонскиот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој е отворен поддржувач на Владимир Путин. Тој го нарекува српскиот геноцид врз босанските муслимани во Сребреница „некрофилски Дизниленд“ и вети дека ќе ја напушти својата земја доколку Бугарите бидат вклучени во уставот на Северна Македонија.

Изјаснувањето на објективните факти од блиското минато на Северна Македонија не претставува негирање на современиот македонски идентитет. Ова е индивидуално право и секој граѓанин на оваа држава може да се нарекува Македонец, а својот јазик македонски. Но, таквите права треба да им бидат достапни и на оние кои, и покрај репресијата, продолжуваат да го чуваат својот бугарски идентитет. Тие треба да можат слободно да се претстават пред општеството како Бугари и, соодветно, својот мајчин јазик да го нарекуваат бугарски, на начин како што го нарекуваа сите преродбеници и револуционери од територијата на денешна Северна Македонија. Ваквите забрани за изразување на бугарскиот идентитет ги доживуваме како модерен геноцид за кој нема место во демократска Европа.

Поради сето ова, настојуваме европските претставници да се запознаат со материјалите во случајот против Љупчо Георгиевски и доколку утврдат повреда на човековите права, да му дадат целосна поддршка. Во поширок аспект, апелираме до поединечните институции на ЕК, чија надлежност ги опфаќа опишаните проблеми, да спроведат мониторинг врз тековните политички процеси во Северна Македонија и активно да соработуваат за нејзината демократизација.

Со почит,

КОПРЕТСЕДАТЕЛИ: проф. Трендафил Митев, доц. Спас Ташев, Илиjа Стоjановски

СЕКРЕТАР: Димитар М. Димитров

Софија, 29 jануари 2025 година

Овој апел го поддржува и Новата политичка емиграција на македонските Бугари, застапувана од Благој Шаторов и Горан Серафимов.

Слични Објави