ЛАЖНИ ВЕСТИ ИЛИ ПРИКРИВАЊЕ НА СКАНДАЛИ?!

//

Владата најавува нови мерки за лажните вести и борба против истите. Малку е дискутабилно и несфатливо, но само малку, бидејќи оваа игра сепак ни е позната. Во ова тригодишно владеење се изнагледавме и изнаслушавме вакви небулози. Но да се разбереме, не дека не постојат лажни вести по некои медиуми, но таков ни е народот, нели како и Владава навикнати сме на скандали и измами.

Во секој случај оваа Влада почна да се надминува самата себеси, и Груевски водеше самобендисана политика, но ова сега е без конкуренција.

Ајде за момент да ја играме нивната игра.
Премиере, се сеќавате на сликата во авионот и датумот во воздух? Тоа како што да го квалификуваме? Па мислам дека ќе да беше лажна вест. Премиере, се сеќавате на изливот на емоции и говорот во Собрание за добиениот датум за преговори? Јуни помина одамна, знаете? И ова ќе да беше лажна вест? Премиере, се сеќавате на ветеното бесплатно здравство? Пак лажна вест? Премиере, се сеќавате на правната држава? И ова ќе да беше лажна вест? Премиере, се сеќавате дека еданаш ветивте, дека нема да се менува Уставот и името на државата? И ова ќе да беше лажна вест? Премиере двојазична е државава, но дали се сеќавате дека еднаш одамна го ветивте спротивното? Премиере, законот за сите ќе важеше, но дали тој важи исто за сите кои припаѓаат на ДУИ и вашите сопартијци? Има уште многу вакви трач вести, но веќе станува напорно човек да ги набројува.

Тешко е човек да ги следи овие циркуси и непромислени маневри и неразбирливо е како после сѐ имате храброст да се појавите и да го критикувате новинарството на пример. Се сеќавам како тоа „Вистината за Македонија“ беше спас за Македонија, а пак сега „Вистината за ДУИ“ од Ел Чека е криминал и нарушување на приватноста. ПРИЈАТЕЛИ, СЕ СЛУШАМЕ?! Како тоа криминалот за ДПМНЕ се коментира на секој чекор, а за ДУИ не се отвара уста, како да е забрането и недозволено. Што правиме и со криминалов кој се појави од вашите редови? А, да … За ова ќе држите предавања на новинарите како треба да пишуваат вести! Но да не ме разбере некој погрешно, ни на крај памет не го бранам ДПМНЕ, треба да си одговараат огрешените, но ова е селективност на високо ниво. Двојни погледи и двојни стандарди, а сепак правна држава.



И за крај Ката, Кики, Боки, Фрики кои навидум не ги познавате, Вие сте ги пријавиле по информациите од обвинителката Вилма и што е најчудно го имате научено тоа кога ја спроведувавте метлата! Чудно баш како Кики и Фрики се баш најголемите жртви од таа метла, а зошто ја добиле и вашите партиски војничиња дознаа. Што се однесува пак до датумот за преговори во октомври тоа ќе биде уште една лажна вест во низа. Нејсе, како лажна вест дојдовте на власт и како таква и ќе си заминете.

П.С. Чисто треба да се знае кој од Владата ќе биде компетентен за да открива што е лага или вистина. Компетентноста е на највисоко ниво баш во овој момент… Кирацовски можеби? Ременска исто не е лоша опција или пак Рашковски? Не, не, Павле Богоевски милам ќе биде најдобро. Сепак мислам Порошенко да ја добие таа улога.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид

Претходна статија

ФОКУС: ЗАЕВ ДО МИЛОШОСКИ- БЕСРАМНО И БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕТЕ, НА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СОПРУГАТА ЗА 1.800 ЕВРА ЈА АНГАЖИРАВТЕ

Следна статија

ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ БАРААТ СЛОБОДА ЗА МОРИНА И МАКЕДОНИЈА ДА ПРЕКИНЕ ДА РАБОТИ ПО ДИРЕКТИВИТЕ НА БЕЛГРАД

Најново од Истакнато