|

ЗАЕВ ПРИЈАВИЛ ВО МВР ЗАКАНУВАЧКИ КОМЕНТАР: САМО КУРШУМ ЗА ТЕБЕ КОПИЛЕ

Премиерот Зоран Заев денеска од говорницата на Собранието ја информира јавноста дека пријавил закана, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи оти коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.



Слични Објави