| |

ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ БАРААТ СЛОБОДА ЗА МОРИНА И МАКЕДОНИЈА ДА ПРЕКИНЕ ДА РАБОТИ ПО ДИРЕКТИВИТЕ НА БЕЛГРАД

„Веднаш без никакви услови да се ослободи борецот за слобода Томор Морина. Владата на РСМ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Агим Нухиу, продолжуваат да работат според директивите на Белград. Алијансата за Албанците изразува длабока огорченост и се чувствува навредена поради фактот што полицијата на РСМ го уапсила борецот за слобода Томор Морина, државјанин на Република Косово. Алијансата за Албанците преку оваа реакција и порачува на владата на РСМ дека соживот и граѓанска благосостојба не може да се постигне со провокации, апсења и монтирани процеси. На овој начин постапуваа вашите претходници и доведоа до конфликт во 2001 година. Не фрлајте масло врз огнот“. – се вели во партиското сооптшение на Алијанса за Албанците.

Слични Објави