| |

КОЛЕВ: КОНФЕКЦИИТЕ СО ДОЗВОЛИ ЗА РАБОТА ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС, А ГРАЃАНИТЕ СО ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ

„Зошто им се издаваат дозволи за работа на конфекциите за време на полициски час и празници, а граѓаните добиваат забрана за движење од 80 часа?!

Според информацијата од епидемиолошките анкети никој во нашиот град Штип, но и во цела источна Македонија во овој нов бран не се заразил во ресторан, на прошетка или во маркет, туку сите нови случаеви се дирекно сврзани со конфекциите и тоа што не беше реорганизирана работата на конфекциите и транспортот на работниците до истите и им беше дозволувано т.е се даваа дозволи за работа на конфекциите и за време на полициски час и празници.

Тогаш логично е прашањето, зошто ни е нов карантин од 3 дена доколку пак се издаваат дозволи за работа на конфекциите и транспортот на работниците остане ист?

30 дена колективен платен годишен одмор за работниците во конфекциите, само тоа можеше, но и сега ако се наложи како мерка може да ни помогне да не пламне не само Штип туку и цела источна Македонија. Затоа апелирам до Владата да ја остави на страна суетата и политичкото калкулантство и да ја прифати оваа мерка за Штип. Само тогаш новиот полициски час и карантин би имале смисла, вака само некој глуми преземање на мерки“, напиша на facebook, претседателот на ГДУ, Петар Колев.



Слични Објави