| |

ИНСПЕКТОРИ БИЛЕ СПРЕЧЕНИ ДА ИЗВРШАТ КОНТРОЛА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ НА БОЕМСКА БИДЕЈЌИ ВНАТРЕ БИЛ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ?

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил во затворен дел на угостителски објект на улицата Боемска во Дебар Маало, во време кога инспектори на Пазарната инспекција биле спречени да извршат контрола, објавија дел од медиумите, пренесува Поглед.

Инспекторката Маја Продановска во вонредната пресконференција потврди дека нејзините колеги забележале политичар како излегува од објектот, но не откри за кого станува збор.

„Колегите се обиделе да извршат контрола, но биле спречени со образложение дека затворениот дел не работи и дека не може да се пристапи. Потоа, колегите продолжија во другите угостителски објекти да вршат контрола, но се вратија на исто место и замолија да им се отвори објектот. По два и пол часа влеговме во објектот. Препознаен е политичар, претседател на политичка партија“, вели Продановска.

Според пишувањата на порталот А1он, Мицкоски седел во затворениот дел на угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид. Засега нема реакција од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за информациите кои се пласирани во медиумите.



Слични Објави