Ердоган: Нападот на џамијата во Ларнака нема да остане без одговор
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека нападите врз џамија на Кипар нема да останат без одговор, по дојавата за обид за запалување џамија во јужниот, меѓународно признат грчки дел на Кипар.
Турскиот весник „Дејли Сабах“ објави дека најмалку едно лице било приведено по обидот на 2 декември да запали голема џамија во Ларнака, а во таа ситуација немало повредени.
„За жал, имаше обид за напад на нашата џамија во Јужен Кипар. Се разбира, оваа операција нема да остане без одговор“, рече Ердоган при посетата на Кипар.
Тој додаде дека претходно го предупредиле Јужен Кипар: „ Ова му го кажуваме на Јужен Кипар: не правете таква саботажа против нашите свети места. Цената што ќе ја платите за оваа саботажа ќе биде голема“.
Извор: Темите