| |

О2 ИНИЦИЈАТИВА: ВОЗЕЊЕТО НИЗ ЧАД НАША РЕАЛНОСТ

Кочанско, месецов. Гори земјава наша, пари фрлени за гаснење на пожари, наши пари, за да се изгаснат масовниве пожари кои се резултат на човечки фактор, некој некаде запалил и после авиони со денови и тони вода не можат да изгаснат.

Колку е потрошено до сега само на гаснење на пожариве? Колку допрва ќе се потроши? Да не зборуваме за ненадоместливите штети по здравјето и природата. Зошто никој не размислува за последиците од погрешно спроведените политики на неказнивост, неажурност, неодговорност? Од несоодветно спроведените програми за земјоделците и сточарите, шумите, стратегијата за Ромите, инспекцијата… 
Која е целта од вакви погрешни политики? Да се уништи сè што вирее на овие простори? Да останеме загадена пустелија каде само болни се раѓаат и болни умираат?

Извор: О2

Слични Објави