САД со благодарност до Бугарија за сојузништвото во НАТО
Заменик-државниот секретар Венди Шерман разговара со бугарскиот премиер Кирил Петков.
Заменик државниот секретар и премиерот го потврдија стратешкото партнерство меѓу САД и Бугарија. Заменик-државниот секретар му честиташе на Петков за неодамнешната одлука на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) да започне разговори со Бугарија за нејзиниот пристап и ја потврди посветеноста на САД да работат со колегите членки на ОЕСР за поддршка на процесот.
Заменик-државниот секретар Шерман му се заблагодари на премиерот за улогата на Бугарија како сигурен сојузник во НАТО со оглед на ескалацијата на руските акции кон Украина и разговараше за заедничката посветеност во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Венди Шерман и Кирил Петков разговараа и за целите на бугарската влада во справувањето со пандемијата на СОВИД, диверзификацијата во чисти извори на енергија и спроведувањето на антикорупциските реформи како приоритети кои ќе бидат од корист за бугарскиот народ.
