(Фото) Сараево со убав гест и се заблагодари на Бугарија за признавањето на БиХ во 1992 г.
Sarajevska Vijećnica Sarajevo City Hall синоќа беше осветлена со боите на знамето на Република Бугарија, првата земја која во 1992 година. ја призна независноста на Босна и Херцеговина. Со овој симболичен чин на пријателство, би сакале да изразиме благодарност за подадената рака на поддршка и солидарност во тешките моменти од нашата историја. Уверени сме дека партнерството ќе продолжи успешно да се развива, објави на социјалната мрежа Facebook градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ.

