АВСТРИСКИОТ КАНЦЕЛАР: ВРАЌАЊЕТО ВО НОРМАЛА ЌЕ БИДЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНОТО ЛЕТО

Австрискиот канцелар Себастијан Курц сепак верува дека вакцината против коронавирусот ќе биде достапна во првата половина на следната година.

„До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала“, рече Курц во изјавата за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Во случај на нов карантин или ситуација слична на затворање на целата земја, тој не можел да исклучи таква мерка за Австрија.

Тој посочил дека има многу земји со значително поголем број на заразени лица, каде училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излез.

„Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, рекол Курц.