| |

Новиот шеф на бугарската дипломатија: Во тешки и турбулентни времиња МНР достоинствено и со почит го чуваше имиџот на државата

Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев денеска ја прими функцијата од Иван Кондов на свеченост што се одржа во Министерството за надворешни работи на Бугарија, јавува БГНЕС.

„За мене враќањето овде е попосебен момент, не само во кариерата, туку и лично. Благодарен сум што гледам толку многу познати лица и што МНР во некои тешки и турбулентни времиња достоинствено и со почит го сочува имиџот на државата, каков што сите ние Бугарите сакаме да го гледаме“, рече министерот Георгиев во својот говор на церемонијата.

Тој му се заблагодари на Иван Кондов за резултатите што ги постигна Кабинетот на надворешнополитички план. Георгиев истакна дека, според него, најтивкиот фронт на бугарската политика е дело на бугарската дипломатија и верува дека заедно со неговиот тим и со вработените во Министерството за надворешни работи ќе продолжат со напорите за заштита и одбрана на бугарските национални интереси.

Кондов од своја страна изрази благодарност за професионалноста и поддршката на тимот со кој соработувал за време на неговиот мандат и истакна дека новиот министер за надворешни работи Георг Георгиев ја познава дипломатската служба и има исклучително долгогодишно искуство во надворешната политика како заменик министер, како член на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и како член на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Иван Кондов му посака успех на својот наследник и изрази уверување дека тимот на Министерството за надворешни работи ќе продолжи да го поддржува во работата со истата упорност и желба.

Слични Објави