Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде регулатива за замрзнување на сите средства на владата на Венецуела во САД.
Извршната наредба е потпишана од Трамп и претставува многу поригорозна мерка против венецуелската нафтена компанија ПДВСА финансискиот сектор и против десетици венецуелски функционери.
Сиот имот и удел во имот на владата на Венецуела сместени во САД се блокирани и не можат да бидат пренесени, платени, изнесени, повлечени или на друг начин расположиви, се вели во извршната уредба објавена од Белата куќа.